loader image

МАПП СИМБОЛИКУМ

Македонска Асоцијација за Применета Психологија

За МАПП Симболикум

МАПП-Симболикум, е формирана во 2014 година од група на професионалци, психолози, со повеќе децениско искуство во различни области од психологијата, а со цел да ја промовираат психолошката наука во сите сфери на живеењето и работењето, за унапредување на психичкото здравје на граѓаните на Република Македонија.

Според Статутот на организацијата, освен психолози како редовни членови, членуваат и придружни членови кои припаѓаат на други професии, како дефектолози, логопеди, социјални работници, наставници/професори, лекари.

Цели

target

Поттикнување на развојот на психолошката наука и нејзина примена во праксата

target

Подобрување на едукацијата и трајното усовршување на психолозите

target

Набавка, стандардизација и дистрибуција на психолошки тестови

target

Организирање на стручни работилници, семинари, советувања, состаноци, конгреси и трибини и други стручни собири

target

Советодавна работа и останати програми од применетата дејност за подобрување на благосостојбата на граѓаните

target

Соработка со други здруженија на психолозите и релевантните здруженија и институции во земјата и во странство

target

Промовирање на статусот на психолозите во општеството

target

Научно истражувачка дејност во сите области на применетата психологија

target

Издавање на стручни и научни списанија и брошури, прирачници и практикуми

Задачи

Планирање, организирање и изведување на предвидените цели

Координирање на активностите на здружението со другите релевантни организации

Евалуација на активностите.

Mисија и Визија

Македонска асоцијација за применета психологија (МАПП) СИМБОЛИКУМ Скопје е основано заради остварување на личните и заеднички социјално-хуманитарни цели и интереси на членовите и промоцијата на работење на заеднички проекти.

Визијата на МАПП е создавање на општество во кое знаењата од психолошката наука ќе придонесат за подигање на компетициите и свеста на граѓаните и ќе ја подобрат нивната благосостојба.

Мисијата на МАПП вклучува промовирање на психолошката наука во сите сфери на живеењето и работењето за унапредување на психичкото здравје на граѓаните на Република Македонија.

.

Проекти

“Психолошки услуги за ранливи категории на граѓани со разни потреби, предизвикани од пандемијата со COVID-19” 2021 година

“Развивање на емоционална компетентност” 2019 година

„Игра за промени-Дигитална симулациска игра: едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците” 2019-2020 година