За проектот
МАПП е носител на проектот Erasmus+ КА122-VET Professional Enhancement for Assessment and Rehabilitation in Lifelong Support for Children with Special Needs
Проектот има за цел да ги зајакне компетенциите на професионалците за ментално здравје кои работат со деца со посебни потреби и нивните семејства. Преку меѓународна соработка, размена на добри практики и професионален развој, проектот придонесува кон подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите, подигнување на свеста за потребите на децата со посебни потреби и зајакнување на капацитетите на организацијата. Очекуваните резултати вклучуваат унапредени професионални вештини, поквалитетна поддршка за децата и семејствата, подобра интердисциплинарна и тимска соработка, зајакнати меѓународни партнерства и поголема посветеност на европските вредности.
Мобилноста е планирана да се реализира при Универзитетот во Загреб, Хрватска, во периодот август/септември, 2026 година.
Јавен повик за пријава на учесници во мобилноста
Јавен повик до нашите членови кои се вклучени во активности за подобрување на менталното здравје на децата со развојни тешкотии (психолози, дефектолози, логопеди, ИТ експерти) и/или студенти од сродни области и кои се заинтересирани да реализираат мобилност во Загреб, Хрватска во рамките на Еразмус+ проект во периодот 20-31.08.2026 година, со цел учење на нови вештини и знаења од областа, да не контактираат лично или на следниот e-mail contact@simbolikum.mk. Нашиот тим ќе ве контактира и упати на понатамошната процедура. Ве очекуваме!
Посета на Наставно-клиничкиот центар во Загреб, во рамките на Ерасмус+. Поучно искуство и стекнати нови знаења и вештини.