loader image

Проекти

Тимот на МАПП-Симболикум вклучува експерти кои имаат долгогодишно искуство во дизајнирање и спроведување на истражувања на јавното мислење на разни теми, со употреба на различни техники, како што се анкети, фокус групи и дискусиони групи. Исто така, тимот изготвува различни прашалници и прашања за дискусии во фокус групи итн. Експертите на МАПП-Симболикум располагаат и со експретиза во спроведување на статистичка обработка и анализа на податоците преку соодветни софтверски решенија. Покрај спроведувањето на проекти од специфични области, МАПП-Симболикум спроведува и истражувачки проекти од различни области на применетата психологија. Ги издвојуваме следните:

„Истражување на потребите на семејствата кои имаат деца со аутизам во Југоисточна Европа” 2014-2015 година

Проектот имаше за цел да се истражат потребите на децата со аутизам и предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваат тие и нивните семејства при барање и примање на услуги во Република Македонија. Проектот се спроведуваше и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Црна Гора, Романија, Хрватски и Словенија. Во рамките на проектот беше креиран соодветен прашалник и со него беа опфатени преку 1000 испитаници. Проектот беше финансиран од Autism Speaks-USA.

„Play for children with disabilities” 2014-2015 година

Проектот имаше за цел да креира ново и автономно поле на истражување и интервенции преку игра за деца со попреченост. Во рамките на проектот беше креиран соодветен прашалник и спроведено истражување на ставовите на професионалците од областа на менталното здравје за улогата на играта во интервенциите кај деца со попреченост. Истражувањето се спроведуваше во 32 земји, со учество на околу 100 истражувачи и преку 1000 испитаници. Проектот беше финансиран од European Union/ESF COST.

“Rationing-Missed nursing care: An international and multidimensional problem” 2016-2020 година

Проектот имаше за цел да истражи каква е состојбата во Европа со недосатокот на сестринска нега во здравствените системи. Во рамките на проектот беше креиран прашалник и се спроведе истражување за ставовите на медицинските сестри за недостатокот на медицински кадар и како тоа влијае на негата на пациентите. Истраѓувањето се спроведе во 30 земји од Европа, со учество на преку 1000 испитанци.  Проектот беше финансиран од European Union/ESF COST.

“Развивање на емоционална компетентност” 2019 година

Проектот имаше за цел да поттикне развивање на здрави животни стилови кај

ученици од средните училишта на територија на град Скопје т. е. да поттикне

позитивна слика за себе, развој на самопочитувањето, создавање квалитетни интерперсонални односи, задоволство со сопствениот живот и олеснување на

интеграцијата во училишната и пошироката заедницата, како предуслов за здрав психички развој. Проектот беше финансиран од Град Скопје, а во  соработка со следниве средни училишта-“Никола Карев”, “Ѓорѓи Димитров”,

“Орце Николов” и “Зеф Љуш Марку” и беше во траење од 7 месеци.

„Игра за промени-Дигитална симулациска игра: едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците” 2019-2020 година

Проектот имаше за цел да ги истражи ставовите на средношколците и нивните професори во однос на спречување на радикализмот и екстремизмот, за обезбедување на психолошка позадина во креирањето на компјутерски игри кои ќе ја подигаат свесноста за овие потенцијално опасни појави. Проектот е финансиран од STRIVE Global Program на Европската Унија, а преку Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21”.

„Истражување и разбирање на потребите на семејствата на деца со аутизам” 2020 година

Проектот имаше за цел да ги истражи потребите на семејствата на деца со аутизам во Република Македонија. Во рамките на проектот беше креиран соодветен прашалник и се спроведе истражување на над 200 испитаници. Проектот беше финансиран од Град Скопје.

“Училиште за родители” 2020 година

Целта на проекто беше да се спроведе процес на едукација на млади граѓани кои имаат потреба од обука за успешно родителство и стимулирање на ран детски развој. Едукацијата се спроведе преку организирање и спроведување на серија работилници на одбрани теми од областа. Проектот беше финансиран од Град Скопје.

“Психолошки услуги за ранливи категории на граѓани со разни потреби, предизвикани од пандемијата со COVID-19” 2021 година

Проектот имаше за цел да пружи психолошки услуги на ранливи категории на граѓани во Република Македонија. Исто така, во рамките на проектот беше креиран соодветен прашалник и се спроведе истражување на над 200 испитаници. Проектот беше финансиран од Град Скопје.

“Подобрување на практичните вештини на професионалците за ментално здравје, во дијагностика и третман на децата со посебни потреби” 2020-2021 година

Проектот има за цел да обезбеди едукација за професионалците од менталното здравје за дијагностика и третман на деца со посебни потреби,   во соработка со Факултетот за специјална рехабилитација и едукација во Загреб, Хрватска. Проектот е финансиран од Erasmus+ програмата. 

“Младите и COVID-19” 2021 година

Целта на проектот беше да се спроведе истражување помеѓу младите кои живеат во Република Македонија, за нивните потешкотии во текот на пандемијата, но и предлози за надминување на истите. Проектот беше финансиран од владата на Република Македонија.

Останати проекти

“Уметноста во транзиција: поддршка за младите луѓе со потешкотии во менталното здравје” 

2022-2023 година

„Стрес менаџмент за вработените-помагателите од СОС Детско Село во Транзитните центри во Република Македонија“ – Охрид

„Стрес менаџмент и менаџирање со промени за вработените во Националната и регионалната Канцеларија на СОС Детско село“ – Банско 2017

„Проект за интервентна поддршка- Програма за психосоцијална поддршка на ранлива категорија на бегалци (деца, мајки, деца без придружба), како и за луѓе со пост-трауматичен стрес од било каква непогода“– Скопје, 2017

„Зајакнување на капацитетите на теренските помагатели (психолози и социјални работници) за пружање на психолошка помош и зајакнување на капацитетите за справување на децата бегалци/мигранти сместени во Транзитните центри во Република Македонија“, Уницеф, 2017

„Корупциски отпечаток“ Центар за социјални иновации Блинк 42-21

„Зајакнување на капацитетите на вработените во институциите „25мај“ и „Ранка Милановиќ“ кои згрижуваат деца и малолетници“ – Уницеф, 2018

„Против стигмата кон менталното здравје“ – МПСОЗ, 2024