МАПП Симболикум, е формирана во 2014 година од група на професионалци, психолози, со повеќе децениско искуство во различни области од психологијата, а со цел да ја промовираат психолошката наука во сите сфери на живеењето и работењето, за унапредување на психичкото здравје на граѓаните на Република Македонија.
Според Статутот на организацијата, освен психолози како редовни членови, членуваат и придружни членови кои припаѓаат на други професии, како дефектолози, логопеди, социјални работници, наставници/професори, лекари.
Собранието брои 15 членови, вклучително и претседателите на четири стручни секции (секција за организациски развој, секција за кариерно советување, секција за развој на деца и млади и секција за личен раст и развој).
Учеството на жени во Собранието е 95%, а на етничките заедници 15%.
Членовите на МАПП Симболикум, професионално биле ангажирани од многу асоцијации, организации и институции од кои би ги напоменале UNICEF, Фондација Отворено Општество-Македонија, Autism Speaks, UNDP, Swiss Development Agency, USAID, British Council-Скопје, EU Cost actions, Erasmus+ program, Британска амабасада-Скопје, SNV-Холандска асоцијација за развој, S.O.S. Детско село-Македонија, EU фондови, Американски комитет за бегалци, CARE-International, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, Министерство за образовование, предучилишни и училишни установи, Асоцијација за советници за кариера.
Македонска асоцијација за применета психологија (МАПП) СИМБОЛИКУМ Скопје е основано заради остварување на личните и заеднички социјално-хуманитарни цели и интереси на членовите и промоцијата на работење на заеднички проекти.
Визијата на МАПП е создавање на општество во кое знаењата од психолошката наука ќе придонесат за подигање на компетициите и свеста на граѓаните и ќе ја подобрат нивната благосостојба.
Мисијата на МАПП вклучува промовирање на психолошката наука во сите сфери на живеењето и работењето за унапредување на психичкото здравје на граѓаните на Република Македонија.
.